Датум на стапување во сила: 9 април 2025 година

Samsung Electronics Co., Ltd. („Samsung,“) знае колку е важна приватноста за неговите корисници и нивните вработени и партнери, па се стремиме да бидеме јасни околу тоа како ги собираме, користиме, откриваме, префрламе и чуваме вашите информации. Оваа политика на приватност обезбедува преглед на нашите практики за информациите во однос на личните податоци што се собрани преку услугите на Samsung Knox („Деловни услуги“).

Оваа политика за приватност може повремено да се ажурира за да се одразат промените во нашите практики околу личните податоци, во однос на деловните услуги или промени во важечкиот закон. Најгоре на оваа политика за приватност ќе укажеме кога последен пат била ажурирана. Ако ја ажурираме политиката за приватност, однапред ќе ве известиме за промените што сметаме дека се суштински, поставувајќи известување на деловните услуги или преку испраќање е-порака до вас, каде што е соодветно.

Кои податоци ги собираме за вас?

Може да собираме различни видови лични податоци во врска со деловните услуги.

Како ги користиме вашите податоци?

Може да ги користиме податоците што ги собираме за следниве цели:

Преку деловните услуги, може да собираме лични податоци за вашите поврзани уреди со тек на време и на различни уреди, апликации и други онлајн функции и услуги. Може да користиме услуги за аналитика од трета страна за деловните услуги, како што се тие на Google Analytics. Давателите на услугите што администрираат со овие аналитички услуги ни помагаат да го анализираме вашето користење на деловните услуги и да ги подобриме деловните услуги. Податоците што ги добиваме може да им бидат обелоденети или да бидат собрани директно од страна на овие оператори и од други релевантни трети страни што ги користат податоците, на пример, за да го оценат користењето на деловните услуги, да помогнат да се администрираат деловните услуги и да се дијагностицираат технички прашања. За да дознаете повеќе за Google Analytics, одете на http://www.google.com/analytics/learn/privacy.html и https://www.google.com/policies/privacy/partners/.

Кому му ги откриваме вашите податоци?

Ќе ги откриваме вашите податоци интерно во рамките на нашиот бизнис и на следниве субјекти, но само за горенаведените цели.

Што правиме за да ги зачуваме вашите информации безбедни?

Воспоставивме разумни физички и технички мерки за заштита на податоците што ги собираме во врска со деловните услуги. Сепак, имајте на ум дека иако преземаме разумни чекори за да ги заштитиме вашите информации, ниту една веб-локација, интернет-пренос, компјутерски систем или безжична конекција не е целосно безбедна.

Каде ги пренесуваме вашите податоци?

Вашето користење или учество во деловните услуги може да вклучува пренос, складирање и обработување на вашите податоци надвор од вашата земја на престој, согласно оваа политика. Имајте предвид дека законите за заштита на податоците и другите закони на земјите во кои Вашите информации може да се пренесат може да не се толку детални како оние во Вашата земја. Ќе преземеме соодветни мерки, во согласност со важечкиот закон, да се погрижиме Вашите лични информации да останат заштитени.

Кои се вашите права?

Според законите на некои јурисдикции, можеби имате право да побарате детали за податоците што ги собираме за вас, да ги избришете податоците што се собрани за вас и да ги исправите неточностите во тие податоци. Може да одбиеме да обработуваме барања што се неразумно повторувачки, бараат непропорционален технички напор, ја загрозуваат приватноста на други лица, се крајно непрактични или за кои инаку не се бара пристап со локалните закони.

Ако побарате бришење на личните податоци, потврдувате дека можеби нема да можете да пристапите до деловните услуги или да ги користите истите и дека некои лични податоци може да продолжат да постојат во евиденцијата и архивите на Samsung некое време, но Samsung нема да ги користи тие податоци за комерцијални цели. Свесни сте дека и покрај вашето барање за бришење, Samsung го задржува правото да ги чува вашите лични податоци или релевантен дел од нив, доколку Samsung го суспендирал, ограничил или прекинал вашиот пристап до веб-локацијата за прекршување на условите за користење на Samsung, кога е неопходно за заштита на правата, сопственоста или безбедноста на Samsung или на кој било од нашите соодветни филијали, деловни партнери, вработени или корисници.

За да ги ажурирате вашите претпочитани опции, да ги ограничите комуникациите што ги добивате од нас или да поднесете барање, контактирајте со нас како што е наведено во делот Контакт подолу.

Деловните услуги може да понудат бришење на определени податоци и комуникации за производи, услуги и промоции. Можете да пристапите до поставувањата за да дознаете за изборите што може да ви бидат достапни кога ја користите деловната услуга.

Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Преземаме разумни чекори за да се осигуриме дека задржуваме податоци за вас само онолку долго колку што е неопходно за целта за која се собрани или како што се бара според важечки закон.

Врски и производи од трета страна на нашите услуги

Нашите деловни услуги може да се поврзат со веб-локации и услуги на трети страни кои се надвор од наша контрола. Ние не сме одговорни за безбедноста или приватноста на какви било податоци што се собрани од веб-локации или други услуги. Треба да бидете внимателни и да ги прегледате изјавите за приватност што важат за веб-локациите и услугите на трети страни што ги користите.

Колачиња, сигнали и слични технологии

Ние, како и определени трети страни кои обезбедуваат содржини, рекламирање или друга функционалност на нашите деловни услуги, може да користат сигнали во определени области од нашите деловни услуги.

Сигнали

Ние, заедно со определени трети страни, исто така, може да користиме технологии наречени сигнали (или „пиксели“) кои пренесуваат податоци од вашиот уред до сервер. Сигналите може да се вклопат во содржина на интернет, видеа и е-пошти и може да му дозволат на серверот да чита определени видови податоци од вашиот уред, да знаат кога сте гледале определена содржина или определена порака на е-пошта и да ги определат времето и датумот кога сте го гледале сигналот, како и IP-адресата на вашиот уред. Ние и определени трети страни користиме сигнали за различни цели, вклучително и за анализа на употребата на нашите деловни услуги.

Со пристап и користење на нашите деловни услуги, вие се согласувате со складирањето на сигналите и другите податоци на вашите уреди. Исто така се согласувате со пристапот на сигналите и податоците од наша страна и од страна на третите страни што се споменати погоре.

Контакт

Ако имате какви било прашања во врска со оваа политика, контактирајте со нас на: dataprivacy@samsungknox.com